НУ Центар за култура – Битола упатува јавна благодарност до општествено одговорната компанија за природна вода „Пелагонка“ и г-дин Ариф Мерсими за донацијата на професионален Hollyland систем за комуникација, наменет за унапредување на координацијата и ефикасноста на техничките екипи на институцијата.

Донацијата претставува значајна поддршка за подобрување на техничките услови при реализација на културните настани, овозможувајќи побрза, појасна и побезбедна комуникација меѓу тимовите што работат зад сцената. Со тоа директно се придонесува кон повисок квалитет на продукцијата и поуспешна реализација на програмските активности на Центарот.

Од НУ Центар за култура, Битола ја истакнуваат „Пелагонка“ како позитивен пример на компанија која преку општествено одговорно делување активно придонесува за развојот на културата и културната инфраструктура во Битола и регионот.

Во името на раководството и техничките екипи, од институцијата изразуваат искрена благодарност за укажаната доверба, поддршка и партнерски однос.





