НУ Завод и Музеј Битола со културно едукативна посета во Курбиново

од March 13, 2026 0 коментари

Во рамки на вториот состанок на Prespa People’s Forum, НУ Завод и Музеј Битола организираше културно едукативна посета на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, еден од најзначајните споменици на византиското сликарство на Балканот.

Посетата беше реализирана со цел учесниците од регионот на Преспа одблиску да се запознаат со богатото културно и духовно наследство на овој уникатен средновековен храм. На настанот присуствуваа учесници од Ресен, Преспа и Пустец, кои имаа можност да слушнат повеќе за историското значење на црквата, како и за нејзината исклучителна фреско уметност од XII век.

Стручните лица од НУ Завод и Музеј Битола ги запознаа присутните со уметничките и историските вредности на фреските, кои се сметаат за едни од највредните достигнувања на византиската уметност во регионот. Особено внимание беше посветено на познатата фреска на Архангел Гаврил, која претставува еден од најрепрезентативните примери на средновековното сликарство.

Со ваквите активности НУ Завод и Музеј Битола продолжува активно да придонесува за промоција и заштита на културното наследство, како и за поврзување на заедниците од регионот преку заеднички културни и образовни иницијативи.

Babam Bitola

Comments are closed.