НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола беше домаќин на Втората меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“

од June 8, 2026 0 коментари

Во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 4-5 јуни 2026 година, се одржа Втората меѓународна конференција на тема „Библиотекарот денес: професија во трансформација“. Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам, со одобрување и голема поддршка на Директорката м-р Емилија Стефановска Давкова, која што ја одобри и првата меѓународна конференција во чиj мандат започна овај значаен проект.

Раководител на овај проект беше м-р Милка Котевска, виш библиотекар, а останати активни учесници беа м-р Гордана Ѓеоргиевска Неделковски, Маријан Колевски, м-р Фатма Бајрам Аземовска, Марија Марковска, Ирена Колевска кои истовремено беа членови на организацискиот одбор.

Благодарност и до членовите на уредувачкиот одбор м-р Мариче Боздоганова и Билјана Аџиовска Панџарова.
Конференцијата имаше меѓународен карактер и на неа учествуваа над 80 учесници, како од нашата земја, така и од шест европски земји: Република Србија, Република Хрватска, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Литванија и Република Српска. Нивното присуство е доказ дека библиотеките, без оглед на границите, се поврзани преку заедничката мисија за зачувување на знаењето, културата и љубовта кон библиотекарската професија.

Темата на конференцијата „Библиотекарот денес: професија во трансформација“ е исклучително актуелна и значајна, бидејќи денес брзите технолошки промени, дигитализацијата и новите потреби на корисниците ја трансформираат библиотекарската професија и отвораат нови можности, но и нови предизвици. Така денес библиотекарот е едукатор, посредник во пристапот до информации, дигитален водич, организатор на културни настани и активен учесник во развојот на заедницата. Токму затоа е важно да се дискутира за промените што ги носи современото време и за улогата што библиотекарите ја имаат во нив.

Големиот интерес за учество на оваа конференција е потврда дека темата е препознаена како значајна и актуелна. Во рамките на програмата беа презентирани 40 стручни трудови кои ќе бидат објавени во зборник на трудови. Конференцијата беше одлична можност за размена на искуства, унапредување на професионалните знаења и воспоставување на нови соработки помеѓу библиотеките во државата и на меѓународно ниво.

Babam Bitola

Comments are closed.