НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со повик до битолските писатели за нов зборник

од March 16, 2026 0 коментари

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги поканува сите заинтересирани битолски писатели да испратат свои досега необјавени литературни дела за подготовка на 21. зборник на битолските писатели во Македонија.

Како што информираат од библиотеката, темата на годинашниот зборник е „Тајните од битолските сокаци“, а авторите можат да учествуваат со прозни или поетски творби.

Испратените дела треба да бидат напишани во Word документ, со фонт Times New Roman, големина 12, на кирилично писмо и со максимална должина до пет страници во А4 формат.

Творбите треба да се достават на електронската адреса nuub.bitola@gmail.com, а крајниот рок за испраќање е 1 јуни 2026 година.

Од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола информираат дека во зборникот ќе бидат вклучени само делата што тематски се однесуваат на зададената тема и се испратени во предвидениот рок.

Со овој повик библиотеката ги охрабрува локалните автори да ја споделат својата креативност и преку литературата да ги откријат приказните, мистиката и духот на битолските сокаци.

Babam Bitola

Comments are closed.