НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола во соработка со СОУ„Таки Даскало“- Битола, го одбележаа 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
„Зборови драги од мајчин јазик свој//милно ми паѓаат на душата кротка…“, „Јазикот поседува посебна енергија, тој е полнач на душата, ја полни и ја храни…во моментите кога душата сака да лета“, се само дел од искрените и емотивни пораки на учениците: М.Дандушевска, П.Темова, Е.Мифтари, А.Атанасовска, М.Нешковска, А.Петровска. Ментор: Н.Поповска, наставник по Македонски јазик и литература