Ноќна традиција под ѕвездите: Дупен Камен во Горно Орехово

од May 3, 2026 0 коментари

По долгогодишна традиција што се пренесува од генерација на генерација, и оваа година битолчани ќе се упатат кон мистичниот локалитет Дупен Камен во селото Горно Орехово.

Настанот ќе се одржи во вторник, на 5 мај, со духовен и симболичен карактер. Програмата започнува со богослужба во црквата во селото со почеток од 16:00 часот, каде верниците ќе имаат можност да присуствуваат на служба и да запалат свеќа за здравје и благосостојба.

Во вечерните часови, околу 22:45 до 23:00 часот, следува традиционалното тргнување кон Дупен Камен, место обвиено со легенди, верувања и посебна енергија, кое со години наназад привлекува посетители од Битола и пошироко.

Дупен Камен е познат по својата необична карпеста форма и по народните преданија поврзани со лековитост и духовно прочистување, што го прави ова ноќно искачување уникатно искуство за сите присутни.

Повеќе за значењето и историјата на Дупен Камен можете да прочитате на линкот:

https://babambitola.mk/дупен-камен-битолско/

Babam Bitola

Comments are closed.