Битола на 28 мај ќе биде домаќин на хуманитарен концерт со силна порака за заедништво, поддршка и инклузија. Во Центарот за култура во Битола, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи концертот „Ноти со мисија“, во организација на Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“, а музичката магија ќе ја донесе Оркестар DIVA. Средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за изградба и опремување на инклузивна соба во ООУ „Климент Охридски“ во Битола, со цел создавање подобри услови за учење, развој и поддршка на децата.

Под мотото „Музиката обединува, а НИЕ создаваме подобри услови“, организаторите упатуваат повик до сите граѓани да бидат дел од оваа хумана мисија и преку музика да помогнат во создавање простор каде секое дете ќе има можност да напредува и да се развива во подобри услови. На сцената ќе настапи Оркестар DIVA, кој преку своите изведби ќе испрати силна порака за хуманост, љубов и инклузија.
Влезниците се веќе пуштени во продажба по цена од 500 денари, а заинтересираните можат да ги обезбедат онлајн. Организаторите велат – да бидеме дел од оваа мисија, да помогнеме заедно и да покажеме дека Битола знае да биде хумана кога е најпотребно.
Карти ТУКА
