Како што најавивме уште минатата недела, битолскиот стручњак Борче Марковски е новиот тренер на битолски Пелистер. Денес клубот ја официјализираше соработката со Марковски, кој доби договор до крајот на сезоната и ќе се обиде да го врати Пелистер во ракометна Европа. Клубот разговараше и со други тренерски имиња како Шундовски, Каменица, Ѓукиќ, но сите имаат обврски кон своите клубови и репрезентации во сезоната која е во тек.
Повеќе на Гол.мк