Во НУ Центар за култура – Битола денес беше монтирано ново современо кино платно, со што кино салата доби свеж изглед и уште подобри услови за проекција.

Со оваа техничка надградба, публиката ќе може да ужива во почиста, појасна и повпечатлива слика, што ќе го направи секое филмско доживување пореално и поспецијално.

Битола, како град со богата филмска традиција и љубов кон седмата уметност, добива уште една причина повеќе за да ги полни кино салите.

Новото платно е чекор напред кон модернизација на културниот живот во градот и потсетник дека филмот и понатаму има посебно место во срцето на Битолчани.