Битолскиот музичар Петар Георгиев Калица официјално го објави својот прв ЕП албум со инструментална музика насловен „Помеѓу зборовите и сонот“. Проектот од денес е достапен на сите поголеми дигитални платформи, меѓу кои Spotify, Tidal, Apple Music, YouTube, YouTube Music и Amazon.
Албумот носи внимателно создадена инструментална приказна, во која доминираат суптилни емоции, тивки мелодии и атмосфера што го води слушателот во свет помеѓу реалноста и сонот. Со овој проект, Калица прави сериозен авторски исчекор, нудејќи музика која остава простор за лична интерпретација и внатрешно доживување.
„Помеѓу зборовите и сонот“ е замислен како патување низ тишината, каде музиката зборува таму каде што зборовите запираат.
Албумот може да се преслуша на следниот линк
Битолската музичка сцена добива уште едно автентично авторско дело кое ветува дека ќе го најде своето место кај љубителите на инструменталната музика.





