Почитувани од денес доколку имате симптоми или сомневање за постоење на CОVID-19 (коронавирус) или сте биле во контакт со лице кај кое веќе е дијагностицирано ова заболување треба телефонски да го контактирате вашиот матичен лекар и да закажете преглед или консултација според вашите симптоми да направите коронатест.

Според упатството за Covid 19 објавено на Мој Термин закажувањето на прегледите кај матичен лекар, пациентите да го вршат само преку телефон, освен во итни и неодложни состојби!

Пред влегување во здравствената установа, пациентите да стават заштитна маска преку устата и носот.

Во чекалните растојанието меѓу пациентите да биде најмалку од 1,5 метри и задржувањето да не е подолго од 15 минути.

Затоа драги битолчани доколку имате симптоми (температура, суво кашлање, треска) првиот чекор што треба да го направите е да се јавите телефонски на вашиот матичен лекар кој ќе Ви даде упатства за понатаму.

Со помин кај сите.

https://www.covid19.mojtermin.mk/

Фото од насловна photowall_pro