Пациентката има 29 години, во брак е 4 години. Се обидуваат за забременување 6 години.
Направена е лапароскопија. Интраабдоминално е откриена кламидијална инфекција и т.н. Fitz-Hugh-Curtis syndrome.
Овој синдром е многу редок и значи воспаление на перитонеумот со насобирање на атхезии или сраслини околу хепарот и гениталните органи, особено околу јајоводите и во јајоводите, предизвикувајќи трајна неплодност. Најчесто, причинител е кламидијата.
После примена на соодветна терапија, направено е ИВФ, кое резултираше со бременост.
ИВФ е направено со поддршка на ФЗОМ.