Навивачката група Чкембари Битола претстави нова маица од својата колекција, со дизајн и натпис „Casual 1985“.

Маицата е достапна во големини S, M, L, XL и 2XL, по цена од 700 денари.
Сите заинтересирани ќе можат да ја набават денес, од 18:00 до 22:00 часот, на чкембарските штандови поставени пред „ВПШ“ и пред „Јагода“.

Новата маица е уште едно издание од навивачката колекција на Чкембари, групата која годинава одбележува 41 година од своето формирање во 1985 година.
