НОВА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЈА НОСИ СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА ВО ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ

од • October 5, 2026 • 0 коментари

Битолската Стара чаршија, нејзините дуќани, занаети, луѓе и приказни отсега добиваат свое место и во дигиталниот свет. Промовирана е новата веб-платформа „Виртуелна прошетка низ срцето на Битола“, создадена со цел да се зачува и доближи до јавноста едно од најзначајните обележја на градот.

Проектот ја претставува чаршијата не само како простор на градската мапа, туку како живо културно наследство создавано со генерации – преку старите занаети, дуќанџиите, маалските приказни и спомените на битолчани.

Посебно значајно е што платформата не е замислена како завршена приказна. Таа останува отворена за дополнување со нови фотографии, сведоштва и приказни. Граѓаните кои поседуваат стари фотографии или знаат интересна приказна за занаетчија, дуќан, кафуле или друго препознатливо место од Старата битолска чаршија можат да придонесат во нејзиното понатамошно збогатување.

Проектот е реализиран во соработка со Димитар Ристески и Академија Инопоинт – Битола, а е финансиран од Министерството за култура.

На овој начин дел од старата Битола се зачувува со современи технологии, оставајќи им можност и на идните генерации виртуелно да прошетаат низ нејзината чаршија и да ги запознаат приказните што со децении се кријат зад нејзините излози и калдрми.

Целата платформа и виртуелната прошетка се достапни на:

Babam Bitola

Comments are closed.