Нова атракција на Пелистер – ноќно скијање на Копанки
Оваа зима Пелистер ќе понуди ново искуство за сите љубители на зимските спортови. На култната ски-патека Копанки, за првпат ќе биде овозможено ноќно скијање.

Со поддршка од Владата на Република Северна Македонија, АД ЕСМ и Општина Битола, започната е изградбата на систем за осветлување кој ќе ја збогати скијачката сезона и ќе овозможи уникатна зимска авантура под ѕвезденото небо.

Од почетокот на сезоната, љубителите на планината ќе имаат можност да ја доживеат магијата на ноќното скијање на Пелистер – нов предизвик и нова атракција што дополнително ќе ја збогати туристичката понуда на Битола.