Во боречките спортови некогаш губиш, некогаш победуваш. Ние ја имавме таа чест да од Цирих Швајцарија се вратиме со ПОБЕДА во профи ММА борба за нашиот помошник инструктор, Џиуџицу и ММА борец Филип Божиновски.

Победа со гушење во прва рунда, 4та минута со максимална доминација и контрола на борбата на нашиот борец за која се подготвуваше месец дена.

Голема благодарност до сите наши спонзори кои помогнаа за оваа борба, голема благодарност до менаџерот Урим Саити, до целиот тим од НКБ и сите наши фанови кои дадоја подршка за нашиот борец да успешно ја продолжи својата спортска кариера и учењето на боречки вештини и спортови.

Продолжуваме…

Нинџутсу Клуб Битола