Викендов, македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски беше дел од возобновената ракометна манифестација „Ракометари на Македонија 2025“, организирана од Ракометната федерација на Македонија.

Митревски доби признание за најдобар ракометар според гласовите на навивачите за сезоната 2024/25 и им упати голема благодарност на сите што гласале за него.

„Ова признание ми е поттик да продолжам да работам уште понапорно, да се усовршувам и да бидам пример за младите спортски надежи дека со труд, упорност и срце – сè е можно,“ изјави Митревски.
Голманот истакна дека чест му е да биде дел од манифестацијата што ја обединува ракометната заедница и потсетува на вредностите кои го направија македонскиот ракомет препознатлив во Европа.






