„Никогаш нема да ве заборавиме“ – бугарското семејство со емотивна порака по драмата во Олимпијада

од • September 9, 2026 • 0 коментари

По случката на плажата во Олимпијада, каде што Михаил со голема храброст се вклучи во спасувањето на семејство од Бугарија, пристигна и порака од луѓето кои тој ден ги преживеаја драматичните моменти.

Семејството, поради грижа да не ги вознемири своите блиски и роднини во Бугарија кои не знаат за случката, не сака јавно да бидат објавени нивните имиња и фотографии. Сепак, испратија искрена порака на благодарност:

„Никогаш нема да ве заборавиме вас и тоа што го направивте. Секогаш ќе бидеме благодарни и ќе бидете во нашите срца.

Секогаш биди горда на Михаил. Нека добрината и храброста му се вратат стократно.“ ❤️

Некогаш не е потребна фотографија, ниту име, за една приказна да биде вистинска и силна. Доволни се зборовите на луѓето кои знаат дека во еден од најтешките моменти некој не останал само да гледа, туку тргнал да помогне.

А оваа порака можеби е и најубавото признание за Михаил, благодарност од едно семејство кое нема да го заборави денот во Олимпијада, ниту луѓето кои им подадоа рака.

Babam Bitola

Comments are closed.