НЕ СЕ ПРЕДАДОА НИ НА МИНУС ШЕСТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 СО ГОЛЕМ КАМБЕК ДО БОД ВО БОГДАНЦИ

од • October 11, 2026 • 0 коментари

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 покажаа борбеност и карактер на гостувањето кај Младост во Богданци, каде што по неизвесна завршница успеаја да освојат бод, играјќи нерешено 30:30.

Младите битолчани се најдоа во тешка ситуација, со негатива од шест погодоци, но не дозволија противникот предвреме да ја прослави победата.

Со пожртвувана игра, подобра реализација во нападот и голема желба за позитивен резултат, зелено-белите постепено ја намалуваа разликата и во драматичниот финиш стигнаа до израмнување.

Најефикасен во редовите на битолскиот состав беше Божидар Илиески, кој постигна осум голови од исто толку обиди, со стопроцентна реализација.

Иако не успеаја да стигнат до победа, младите пелистерци покажаа дека поседуваат квалитет, упорност и натпреварувачки дух.

Освоениот бод во Богданци е награда за нивната борбеност, но и потврда дека во ракометот ништо не е завршено сè додека не се огласи последниот судиски свиреж.

Младост Богданци – Еурофарм Пелистер 2 30:30.

Babam Bitola

Comments are closed.