Не ве каниме на дебата, туку на лет: духовит повик на Аеро клубот “Мирко Тодоровски” од Битола

од October 9, 2025 0 коментари

Во пресрет на локалните избори, Аеро клуб „Мирко Тодоровски“ од Битола на социјалните мрежи објави духовит, но суштински повик до сите кандидати за градоначалници и советници, да не зборуваат само за височини, туку и да ги почувствуваат.

„Повик до сите кандидати за градоначалници и советници:
Аеро клуб ‘Мирко Тодоровски’ ве кани – не на дебата, туку на лет.
Да видиме кој има визија од една друга повисока перспектива”- пишува на социјалните медиуми на клубот.

“100 години летаме над Битола и подалеку, ама сè уште чекаме некој да нè стави во програмата, не како проблем, туку како гордост на градот.
Во сабота ќе славиме еден век љубов кон небото.
А за следниот век, би сакале сите што ветуваат ‘нови височини’ барем еднаш да погледнат нагоре.“ – истакнуваат во пораката.

Babam Bitola

Comments are closed.