Деновиве сигурно видовте една убава фотографија, фотографирана од битолчанецот Горан Петровски на која имаше една девојка со црвена дедо мразовска капа заедно со едно мало кученце во подножјето на Баба планина. 

Тоа е неуморната битолчанка Мартина Николовска (26)

 зависничка од адреналин, така наречена битолската Лара Крофт, 

планинарка,

 велосипедистка,

 голема љубителка на спортски активности,

 кик-бокс,

 џиу џицу, фитнес модел, стрелаштво и бордање со даска. 

Годината што помина, во друштво со нејзиното мало кученце Лаки, заедно околу 30 пати ја имаат посетено Баба планина и врвот Пелистер,

 додека сама или во друго друштво над 100 пати. Како Пелистер така се посетени и Галичица, Солунска глава, Трескавец, Матка и други. Покрај нив освоени се неколку планински врвови на соседните Р.Србија, Р.Бугарија, Р.Грција и Р.Словенија… 

Полна со енергија, мила, стално насмејана, ведра и позитивна. Голем другар, личност која моментално само мирот и чистиот планински воздух можат да ја придобијат и совладаат. Во летниот период е страствен љубител на велосипед, дневно поминува и над 200 км. Светски познати по нивната заедничка тура ВИА АДРИАТИК кога со велосипед за точно 11 дена го поминаа цел Јадрански брег поминувајки 1337 км.

 За точно 3 месеци со велосипед има поминато 7000 км. возејки несекојдневни релации и тоа Битола-Преспа-Галичица околу Охридско езеро па назад, Битола-Лерин-Вигла-Мала Преспа-Ахилиус, Битола-Кајмакчалан и др. Најубаво доживување до сега и е освојувањето на Триглав. Овогодишна нејзина најголема желба и е да го освои Мон Блан како и една подолга и поголема велосипедска тура. Добива голема подршка од нејзината фамилија, најповеќе од нејзиниот брат, пријатели и пријателки.

Мартина е долгогодишен член на КУД Илинден од Битола.

 Од нас да ја поздравиме и вас ќе Ви ветиме дека заедно ќе ги следиме нејзините заеднички фотографии и доживувања со Лаки на нашата Баба планина.
Фејсбук Мар Тина  

Инстаграм Mar Tina ( @_m.nikolovska )

Фото Горан Петровски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here