Роден сум 24-06-1962 г. во старата болница во Битола сегашна Пелагонка 2. Роден сум како едно јајчан близнак и што би рекле седмак. Значи родени две витални машки деца, но по неколку дена кога требало да се надојат новороденчињата на мајка ми им го донеле само едното односно мене. Кога ги запрашала што е со другото им кажале синоќа почина, но како рекла мајка ми, кога ги надоив синоќа беа добри двете. Побарала да го види и да го погреба но тоа не му било дозволено. Еве 55 години живеам со надеж дека е жив брат ми и мислам дека го осеќам тоа.

Трајан Георгиевски Битола