Неколку работи кои те прат вистински битолчанец. Огледувајки се самио себе заедно со другите околу мене ќе се обидам со по некој пример да ги објаснам работите по што можи да се препознае еден битолчанец. Се разбира дека од вас можиме да добиеме и дополнување и тексто трпи корекција. 

1.Одење на кафе.

Битолчани сме познати како големи кафеџии. Уште од пусто турско. Кафе од сабајље, кафе за ручек, кафе поручек, кафе навечер. Нон стоп по кафиња. Со колегите од факултет, со другарите, со Гоце од работа. На кафе по цел ден.

2. Лајчето вуста.

Пластичното лајче вуста. Дел од кафеџискио инвентар. Ако го нема одма се буниме “Еј брат абе лајче нема?”. Гризење, грицкање, па џвакање јали џвакање. И дур сите не нѐ видат него фрламе. Оти самото тоа значи “Дека си бил на кафе”, “Дека си бт кафеџија” и “Дека уживаш во живото”.
3.Нон стоп си по Широк Сокак.

Дење, ноќе си на Широката улица. Една ама вредна. Таква нема во цела Македонија. Тука се гледаш со цела Битола, со сите шо ги сакаш. На едно место.

4. Си ја поштоваш “Чкембе чорбата”.

Иако повеќето меани немат “Чкембе чорба” и служат најпоќе телешка, твоја обврска како асли битолчанец е да си побараш “Чкембе чорба имате?”. Ако имат или чиста ја сркнуваш или мешана со телешка. Традиција стара неколку века. Макало и љуто пиперче обавезно (извинете форез ако напрајф некаде).

5. Битола мој роден крај.

Песната од битолчанецо Ајри. За секој роденден, за свадба, крштевка, испраќање странство, доаѓање од странство, со наливната пијачка од кај Мара на клупите кај Сато. Типичен локал патриотизам. Химната на Битола.

6. Ако одам во Битола.
Песната на Калица каде Битола најавтентично е опејана. Пејш од срце, од длабочината на душата. Пејш демек “Ако одам во Битола” а ти си во Битола, ама пејш баш за таја Стара Битола шо ти недостига и која ти е во срцето, со пајтоните, со шапките, кафето на Дембел чаршија, пеењето серенади под прозори…

7. Имаш слика од стара Битола во твојот дом, обесена на ѕидо.

Оргинален битолчанец. Идат гостите на слава или на гости и се загледват: “Море шо е ова, куќи имало околу Сато”. “Аман бе љуѓе”, му велиш, “Од кај сте да му се невиди”. И одма почнуват “Еј од кај ти е сликата?” “И ние сакаме една”, па се отвара темата како било тогаш, па зошто се сменало… Ехехееееј… Најубата тема која е без крај и завршеток, полиена со домашно винце, џимиринки или колбаси, или нешто друго спржнато (извинете пак форез ако Ви напрајф).

8. За Битола секаде и со секого се караш, расправаш и објаснуваш дека:

Битола е најубајо град, градот на конзулите, клавирите, пајтоните, песната, меракот, љубовта, серенадите… Најопеаниот град, најградскиот, градот под Пелистер, градот на Филип II, градот со Хераклеја, Тумбе Кафе и Широк Сокак. Градот со најголемите кабадаи, најубајте чупиња и најдотераните дами. Градот на најголемите мајстори за бељот и најголемите боеми. Најубајте планински езера, најголемата житница Пелагонија… Вечна полемика и расправање насекаде, со сите скопјани, прилепчани, охриѓани, зошто има една голема вистина: Битола кога беше град над градојте тие беа села. И така одиме понатаму. Не попуштаме. Битола била и ќе биди. Локал патриоти. Се шо имаме тука трошиме. Се шо можиме тука го ствараме. Ако одиме во странство едно златно чекмеџе ќе дојсиме и тука. Ќе напрајме некој бизнис. Така било од дедо, прадедо. Оти колнето се ќе ни биди. Наша мајка е Битола, мора да си ја крепиме! Битолчани се препознаваме насекаде и се почитуваме и помагаме едни со други. Од Битола до Скопје. Од Битола до Австралија и Америка. Нати-дајми.

9. Шал чкембарски, мајца чкембарска, чорапи зелено бели.

Пелистер во срцето. Има само еден тим, има само еден Пелиииистееер. Сакаме стадион. Сакаме спортска сала. Сакаме да грмиме секаде. 

10. Балкун со поглед на Пелистер. Убајни. Секој ден различна слика. Станваш рано-рано одма одиш да си ја видиш. Уште замижан и очите не отворени. Преку цел ден да си ја гледаш најубата планина каде се најубајте Езера, Антена, Широка. Во нејзиното подножје најубајте вили и ресторани со ѕидани камини. Маѓична. Ко ќе е покриена со снек, облечена во бел фустан како млада невеста- уште поуба!

Прат (арх.битолски-прават)

Пејш (арх.битолски-пејам, пееш, пеење)

Снек-(арх.бит.-снег)

Тексто е жива вистина и поќе е со намера да Ве насмее и расположи… Насекаде на свето😉

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here