Во текот на пред НовогодишниО период низ битолските плоштади, продавници, училишта, пазари, тезги и ќошиња можат да се забележат разно разни битолски дедо мразовци. Почнувајќи од дедо мразовци со бради и веѓи залепени со памук, со минивал брада како од пудлица, до дедо мразовци со брада како дифтик или мало черџе за пред врата. На сѐ личат само на Дедо Мраз не личат. Децата едноставно страф да ги фаќа. Шо е и забележливо од сликите кои со нив се прат. 

 Од нас малце ради забава ќе Ви ги преставиме неколкуте вида на дедо мразовци кои можете да ги сретнете низ Битолата.
Чкембарски Дедо Мраз!

Дедо Мраз кој си ја сака Битола и битолчани и уште од 2015 сака стадион во Битола. Оценка пет +. Воглавно супер. За сликање со деца-подобен.
Дедо Мраз од фото студијата!

Дедо Мраз ради реда. “Ајде чичо чучни тука до мене” детето насолзено пред расплачвање, страф го фаќа. Чкрап сликата,150 денари. Ни како е сликано, ни дали се пули како шо треба, ни каков е Дедо Мраз, дали има малце насмевка или и него му е збогтисано ама ај шо да се прај за таја пуста дневница.

Дедо Мраз од кај сато!

Хо-хо-хо, слушаш познат глас, наместен однопаку, брадата како од некое черџе за пред врата, веѓите од памук, искривени. Нити шминка нити некој шмек за барем едно дете да се излажи дека навистина постои Дедо Мраз. Го знајш сто посто, работи државно, за време на слободно вози такси и свеќи продава, ама за Новата е Дедо Мраз само за сликање. Сликите приказна сама за себе.

Дедо Мраз продавач на петарди!

Ќе го зачекаш по некое ќоше низ чаршија. Облечен како Дедо Мраз. Брадата спуштена пуши цигарче. Вика на цел глас “Ајде повелете прскалици и балончиња”. Поминваш покрај него и со шептење ти вели “Петарди да не ти требат, почекај, одма ќе ти дојсам”. Најлошио пример за децата. После кај ќе убедиш некое дете дека Дедо Мраз навистина постои? Каде беее, нема шанси.

Дедо Мраз турни ме да кинисам

 Дедо Мраз, то е то. Ќе Ви го пуштат дома со поклони, на работа, на сколија. Врви покрај Дедо Мраз. Ама тое поклончињата мора да се поделат. Без него никако.

Вистинскио Дедо Мраз!

Е тоа беше Дедо Мраз. Вистински. Суреден, дотеран, нашминкан со црвено на образите. Педантен и насмејан со оригинални дедомразовски манири кој навистина имавме среќа да го запознаеме како деца и до ден денес да си го паметиме. Да, сигурно се согласувате, тоа беше Бабецо. Нашиот единствен и незаменлив, вистински Дедо Мраз од Битола.

Фотографии од соц.мрежа фејсбук низ Битола и непознати извори

Текстот е за забава и со намера да се кренат стандардите кај Дедо Мразовците бидејќи децата сѐ уште веруваат во нив и нивното носење на поклони од Лапонија. 

Поздрав до сите нив!