Почитувани,

Со нетрпение го очекуваме утрешниот ден, кога за првпат на Градски стадион во Битола ќе се одржи The Stars Symphony! Интересот за настанот е огромен, и мило ни е што токму во Битола имаме можност да организираме ваков настан, кој истовремено го означува и отворањето на БитФест.

Еве некои важни информации за да бидете подготвени:

• Време: Вратите на стадионот се отвораат во 19:00 часот, а настанот официјално започнува во 21:00 часот. Можете да пристигнете било кога по 19:00 часот.

• Карти: На влез е потребно да ја покажете вашата карта со QR кодот, кој ќе биде скениран. По успешната проверка, ќе добиете идентификација и ќе може слободно да пристапите до избраната трибина или партер.

• Влезови: Стадионот има 5 влеза и влез за партер:
Влез 4: за блокови 1 и 2
Влез 5: за блокови 3 и 4
Влез 6: за блокови 5 и 6
Влез 7: за блокови 7 и 8
Влез 8: за блок 9

• Седење: Седењето е слободно во секој блок без ред или седиште, изберете сами каде сакате да седнете. Бидејќи трибините се речиси целосно распродадени, Ве молиме да ги пополнувате целосно седиштата за да има место за сите.

• Прашања и информации: На настанот ќе има организатори кои ќе ве насочуваат врз основа на Вашата карта.

• Купување на Карти во текот на денот и пред/за време на настанот: Доколку сакате да купите карта во текот на денот тоа може да го направите во Тобако Димпо или online на https://www.yournextevent.info/. Од 18:45 часот ќе може да купите карта на билетарата кај Влез 4, и таму ќе се продаваат карти само за партер.

• Хигиена: Канти за отпадоци ќе бидат поставени на трибините и партерот. Ве молиме да помогнете во одржувањето на хигиената.

На крај сакаме да Ви се заблагодариме за интересот и за Вашето присуство утре и да Ве замолиме за разбирање и трпеливост доколку настанат непредвидени ситуации. Настанот е организиран да уживаме, па не заборавајте да донесете многу позитивна енергија и насмевки.

Се гледаме утре во 19:00!