Битола денес го одбележува Источен Петок – Балаклија, празник познат како градско-селски Велигден, кој традиционално ги обединува граѓаните во духот на верата, заедништвото и почитта кон традицијата.
Овој ден има посебно значење за битолчани, бидејќи претставува симболично поврзување на градот и околните села, преку обичаи кои се негуваат со генерации. Вообичаено, празнувањето е проследено со семејни собири, посета на црковни храмови и дружење во природа.
Источен Петок – Балаклија останува еден од препознатливите празници во Битола, кој го задржува духот на заедништво и ја нагласува важноста на традиционалните вредности.
Граѓаните упатуваат честитки со порака празникот да донесе здравје, мир и благосостојба во секој дом. Нека е за многу години!
Фото КУД Илинден од Битола
