НЕЗАПАМЕТЕН ИНТЕРЕС ЗА КОНЦЕРТОТ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ВО БИТОЛА!

од April 6, 2026 0 коментари

ВО ПРОДАЖБА ЦЕЛИОТ КАПАЦИТЕТ НА СТАДИОНОТ ,,ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ”,

ВЛЕЗНИЦИТЕ ПО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1.000 ДЕНАРИ – ПАРТЕР!

Драги наши,

Задоволство ни е да Ве информираме дека е забележан незапаметен интерес за големиот концерт на Здравко Чолиќ закажан на 1 август на Стадионот ,,Петар Милошевски” во Битола, како единствен концерт за цела Македонија оваа сезона!

Од таа причина, за прв пат во продажба ќе биде пуштен целиот капацитет на стадионот ,,Петар Милошевски”!

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (8 април) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk, во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија како и во: ДИМПО тобако, Пајтон, Јагода и Brothers тобако,
по следните цени и категории:

Партер – 1.000 денари
Фан пит – 1.500 денари
Silver трибина – 2.000 денари
Golden трибина – 2.500 денари
ВИП трибина (ограничен број) – 3.000 денари
ВИП партер (ограничен број) – 3.000 денари

На 1 август каде и да си, во Битола да си!

А, во среда во 10 часот наутро – знаете каде

Авалон Продукција

Babam Bitola

Comments are closed.