Неделни графикони за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола за периодот од 16.12.2019 до 22.12.2019 година.

Неделните извештаи се прикажани според одделните параметри PM10, PM2.5 и PM1 и според локациите на кои има поставено сензор за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Целта за објавувањето на овие Извештаи е од една страна, граѓаните да можат да се информираат за мерењата на сензорите во областа каде што живеат, а од друга страна, надлежните да можат да ги анализираат и да носат заклучоци за тоа какви мерки ќе превземат за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.

Според анализата на овие графикони може да се забележи дека во измината недела нивото на загаденост имаше драстично зголемување во деновите Понеделник, Вторник, Среда и Четврток со одредено намалување во деновите Петок, Сабота и Недела. Највисоки вредности се регистрирани во Понеделникот во текот на целиот ден (најголемо зголемување на мерната станица во Баир во 22:00 часот дури до 950 mg/m3). Мерните станици во Бадембалари, Јени Маале и Баир беа со повисоки вредности, а Декорпод, СН Центар и Општина Новаци со релативно пониски вредности. Битола во изминатата недела беше покриена со облак од густа магла која не дозволуваше разнесување на загаденоста и тоа резултираше со високи концентрации на загадувачки честички во амбиенталниот воздух. После разведрувањето и покачувањето на дневните температури, имаше врнежи и ветер кои придонесоа да се намали нивото на аерозагаденост. Покачувањето на вредностите на параметрите е забелажано во утринските и вечерните часови после 16:00 часот. Секој од Вас може да си направи сопствена анализа врз база на овие графикони и да се информира каков воздух дишел во изминатата недела.

Моменталните вредности и предвидувањата за наредните 24 часа можете да ги следите на: https://airly.eu/map/en/ или на мобилната апликација:
Android: https://play.google.com/store/apps/details
iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152

Сите дишеме ист воздух 📈📊📉