Во организација на НУ Центар за култура Битола, во соработка со Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, од 6 до 8 април во Битола ќе се одржи „Недела на франкофонски филм“, настан кој носи селекција на европски филмски остварувања и културна размена.

Свеченото отворање е закажано за 6 април (понеделник) со почеток во 20:00 часот, во малата сала на Центарот за култура, со проекција на филмот „Тивок бунт“ (À bras-le-corps) во режија на Мари-Елса Сгуалдо, во организација на Амбасадата на Швајцарија. Фестивалот официјално ќе го отвори заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари.
Настанот е резултат на соработка со амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата, меѓу кои Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија, како и со НУ Кинотека, Почесниот конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ и Француската алијанса Битола.

Филмската програма продолжува на 7 април (вторник) со проекција на филмот „Кога доматите се сретнаа со Вагнер“ во режија на Мариана Економy, во организација на Амбасадата на Грција.
Затворањето на ревијата е предвидено за 8 април (среда) во 20:00 часот, со проекција на филмот „Марија, кралицата на Романија“ (Maria, Queen of Romania / Coeur de la Roumanie), во режија на Тревор Путс, во организација на Амбасадата на Романија.
Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот и медиумите да присуствуваат на проекциите и да бидат дел од оваа франкофонска филмска приказна во Битола.
