Недела во Офицерски дом ќе се одбележи месецот на невроразличноста

од April 1, 2026 0 коментари

Во недела, на 5 април 2026 година, во КИЦ Офицерски дом во Битола ќе се одржи настан посветен на одбележување на месецот на аутизам и невроразличност.

Настанот ќе понуди богата и содржинска програма, во која ќе бидат вклучени бројни активности наменети за најмладите. Децата ќе имаат можност да се дружат, играат, цртаат и пеат, во атмосфера која ја промовира вистинската инклузија и прифаќање.

Организаторите најавуваат ден исполнет со поддршка, заедништво и позитивна енергија, со активно учество на битолчани кои ќе дадат свој придонес во реализацијата на настанот.

Во попладневните часови, ќе се одржи и предавање на проф. Јасмина Трошанска, која ќе се осврне на светот на лицата со аутизам, објаснувајќи ги причинско-последичните врски во нивното однесување и начинот на кој тие го перципираат светот околу себе.

Настанот е отворен за сите граѓани, со цел да се подигне свеста и да се поттикне разбирањето за невроразличноста во заедницата.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите заинтересирани да бидат дел од овој значаен ден.

Babam Bitola

Comments are closed.