Додека повеќето ученици во текот на вчерашниот ден одбраа дали пеш или со автобус да одат на училиште, наш 17-годишен битолчанец од Партизанска реши да оди по најлогичниот зимски пат, на скии нормално. Со школска торба и скии на нозе, без проблем стигна до редовните часови во Техничкото училиште.

Враќањето за дома му беше уште полесно. Удолницата на Партизанска, свежиот снег и младешкиот адреналин си го направија своето, „бегањето“ дома било побрзо од било кое превозно средство.
Без глума и без сензација, само една убава зимска битолска приказна што покажува дека кога има снег, има и идеја. Овој млад битолчанец ни докажа дека училиште и спорт можат да одат заедно, а снегот да биде сојузник, а не пречка.

Битола секогаш ќе има уште една причина за насмевка благодарение на досетливите луѓе како него.





