Неделата која што помина беше ден кога Ски-центарот Копанки се одржа 13-тиот по ред Downhill CUP Pelister, во организација на Extreme Bike Team Bitola. Настанот беше реализиран со поддршка од ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола и Хотел Молика Пелистер.

На трката учествуваа натпреварувачи од Македонија и соседните држави, а стотици посетители имаа можност да уживаат во спортот и природата на Пелистер.

Организаторите истакнаа дека нивна цел е и во иднина да продолжат со вакви настани, кои го промовираат екстремниот велосипедизам и ја збогатуваат туристичката понуда на Битола и регионот








