Во 1942 година во Скопје од бугарските фашистички окупатори е осуден на смрт и обесен Кочо ДЕСАНОВ–Десано, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во Битола во 1920 г. Во синдикалното движење беше вклучен од пред Втората светска војна. По бугарската окупација на Вардарскиот дел на Македонија е примен за член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Во април 1942 г. беше непосредно ангажиран во организирањето, прифаќањето и испраќањето на борците од градот Битола кон партизанскиот логор над битолското село Лавци, каде требаше да биде формиран првиот партизански одред во Битолско. По уништувањето на партизанскиот одред „Пелистер“ тој е откриен и уапсен од бугарската полиција. Бугарскиот окупаторски воен суд го осуди на смртна казна со бесење која веднаш беше реализирана во Скопскиот затвор на 21 јули 1942 г.

Извор

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1706146296090444&substory_index=0&id=1056533787718368

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here