На денешен ден 12 март 1983 г. на престижниот фестивал „Денови на југословенската забавна музика” – Опатија ’83, во прекрасната Кристална сала на Хотел Кварнер, нашиот битолчанец Сефедин Бајрамов по втор пат имаше чест да настапи во живо!

Во Македонскиот избор беше и Сашка Петковска и сестрите Маријана и Росана

Настапот беше во придружба на Ревискиот оркестар на РТ Белград, под диригентската палка на Александар Џамбазов.

Изведбата на „Кристина”, со текст на Гоко Георгиев, музика на Петар Лукич, и аранжман на Драган Ѓаконовски – Шпато, останува како драгоцено музичко сеќавање.

Еден незаборавен момент, споделен со прекрасни колеги и публика која ја сака музиката!…напиша нашиот Сефедин на неговиот официјален профил