На денешен ден пред 48 години, трагично загина Васко Карангелевски, народен херој и генерал полковник (07. 07. 1921, с. Брусник / Битола – 03. 02. 1977, Македонски Брод)
Тоде Тасески , роден 1932 година во охридското Село Љубаништа .Од 1950 година постанува Командант на КОС на Третата Армиска област , личност од најголема доверба ,вечна сенка на Васко Карангелевски.Тасески бил личност без кое Карангелевски не преземал никакво движење , заедно го правеле воениот камп во Св. Наум и ја оформиле Земјоделската задруга „Горица„ кое требало да служи за воени потреби .Исто така заедно со Карангелевски го изготвуваат проектот за изградба на Спортско Рекреативниот Центар Билјанини Извори во Охрид,на кое требало да се одржат Спортските игри на ЈНА.Го отпочнуваат и проектот за изградба на воениот аеродром во с.Годивје-Дебарца,како и проектот за изградба на хотелски комлекс веднаш до хотелот Гранит.Последните два проекти отпочнуваат со изградба на земјениот дел кое го прави инжинерската бригада на ЈНА,но поради смртта на Тасески и Карангелевски веднаш се прекинуваат.
Тасески важел за врвен разознувач кој имал чести движења преку тогаш затворените граници на тогашната Народна Република Албанија, и ја оформил пограничната разузнавачка мрежа од жителите на пограничниот дел во Албанија за потребите на тогашната Југославија .
Тасески во својот дом во с.Љубаништа поседувал воена телефонска линија,а чести гости во неговиот дом биле Генералите Младиќ,Периџиќ,Владимир Стојановиќ,човек кој покосна 1985 година ќе биде главен командат за безбедност при тогашното ССНО(Сојуз на секретаријат за народна одбрана).
Во домот на Тасески чести гости биле Лазар Колишески,Глигоров,Битуљану и други тогашни функционери ,со кој често оделе на лов.
АТЕНТАТИ
Врз Генерал Карангелевски до 1977 година има три обиди за атентат-негова ликвидација.Првиот пат е пробано во 1975 година на планината Галичица во месноста Корита при што животот му го спасува Тасески оборувајќи го Карангелевски на земја.На овај лов биле присутни Ристо Шапкар,Илија Ристески,Трифун Маркоски и повеќе старешини од тогашната ЈНА.Кој го испукал куршумот према Карангелевски до ден денешен е енигма .Вториот обид е после месец дена од настанот на истото место вдлабинско во пограничниот регион со Р.Албанија,каде како никогаш до тогаш на инсистирање на аѓутантот на Карангелевски Ристе Смически ,Карагелески и Тасески на себе носат шаторски крила со што би се означиле како мета.На инсистирање на Тасески шаторските крила се обесуваат на дрво при што повторно има испалување на два куршуми кои завршуваат во шаторските крила.По ваквиот настан Тасески му обрнал внимание на Карангелевски да всушност маскирните одела биле обележувани на мета,зошто бил известен и ССНО.На овај лов Ристо Шапкар со себе го води и Лазо Радески(чекан) лице кое пред две години бил осуден на доживотна казна затвор за извршени масовни убиства во Охрид,или попознат како најмасовниот убиец во Македонија.
Васко Карангелевски во 1978 година требало да постане Началник на Генерал Штабот на тогашната ЈНА.За таквото нешто имало голема спротиставеност од тогашните генерали на ЈНА,од Српско-Хрватското лоби,но очигледно било да ликвидацијата на Карангелевски ќе биде невозможна мисија се додека до него е Тоде Тасески.При организиран лов на 01.09.1976 година во атарот на с.Џепиште кај Дебар веднаш зад воената караула кај с.Џепиште ,Тасески добива прострелна рана од карабин во пределот на стомакот.На овај лов присутни се сите актери кој биле присутни на претходните ловови,но за прв пат во нивната историја на овај лов оди и Генерал Ламбе Михајлоски кој бил организатор на ловот .По ранувањето Тасески со воен транспорт е итно пренесен во Воената Болница во Скопје,но поради сериозноста на повредите на 06.09.1976 година умира во воената болница во Скопје.
Мртвото тело на покојниот Тасески на воен Ламфет на 06.09.1976 година е донесено во неговото родно село Љубаништа каде е погребан со највисоки воени почести.На погребот присуствуваат сите тогашни Генерали и Адмирали на тогашната ЈНА,испалена е почесна палба од Гардиската Чета како и од двата воени бродови на Воената Морнарица од Охрид.
За убиството на Тасески тогаш обвинет неговиот шура кој по брза постапка е осуден на 6 месечна затворска казна за дело кое никогаш не го сторил.При извршениот овид и балистичкото вештачење врз оружјето на шурата на Тасески се докажало дека шурата на Тасески воопшто не испукал никаков куршум од неговото оружје,извештајот се крие,а шурата на Тасески е ослободен од обвинението после шест месеци од настанот со што се докажа класиката на заверата на лицата на кои им сметаше Тасески во нивната намера за ликвидација на Карангелевски .
По убиството на Тасески после четири месеци при лов во атерот на Македонски Брод е убиен Генерал Васко Карангелевски,на ловот повторно како ловџии се јавуваат истите лица,а неговиот аџутант Ристе Смиџески повторно не е до него.Искусен војник,борец од ранкот на Карангелевски перверзно е да се тврди дека поради невнимание при лов пушката сама му испалила во пределот на стомакот.
Доколку сакаме да имаме држава и да расчистиме со нашето минато,со лица кои и ден денеска дрмаат на македонската политичка сцена преку нивните фамилии редно е од тајните архиви да се отворат и да се расчисти случајот Тасески Карангелевски,не за друго туку поради нивните фамилии.Само за информација после не цела година се врши грабеж врз манастирот Св.Наум од каде што исчезнуваат највредните икони од иконостасот на црквата посветена на Св.Архангел Михаил.
По смрта на Тоде Тасески и Васко Карангелевски настана пресврт како во воениот дел на Македонското крило , така и во целокупниот опшествено политички живот во тогашна СРМ(Социјалистичка Република Македонија) .
Тогаш дојде до етаблирање на нови опшествено политички структури во Македонија , кој само ги извршуваа задачите на тогашната ЦК на КПЈ . Македонското крило во ЈНА остана на ниво на само два Генерали , еден од Охрид а другиот од Куманово , кој воопшто не водеја грижа за Македонците и македонското прашање во целина на тогашната СФРЈ . Но и ако идниот началник на Генералштабот на тогашната ЈНА по принцип на ротирање на тогашните републики требаше да биде од Македонија , тоа не се случи , македонските Генерали го свиткаа опашот , и тогаш главна улога во Третата Армиска област ја имаше Ратко Младиќ .
Смрта на Карангелевски беше добредојдена од целокупниот тогашен политички врв на Македонија , отпочнаа со дефокусирање на сите информации во врска смрта на Карангелевски , забранета тема постана името Васко Карангелевски и Тоде Тасевски . Учесниците во лововите како награда на сработеното добија директорски места по Охридските тогашни претпријатија , но и до ден денешен се заштитени како мечки во Национален парк . Никој не смееше нит да спомне било кое од овие две имина . Сопругата на Тасески беше вработена во ЗЗ„ГОРИЦА „ и тука заврши воената грижа за неа . Воопшто не доби никаков бенифит од тогашната гарнитура и покрај тоа што и беше ветено . Стравот кој тогаш го вметна во фамилијата на неговата сопруга остана и до ден денешен , а истото е и во фамилијата на Карангелевски .
Извор Охридскај