На денешен ден се сеќаваме на битолчанецот академик Томе Бошевски

од • October 31, 2026 • 0 коментари

На 31 октомври 2015 година почина академик Томе Бошевски, научник и универзитетски професор, роден во Битола, кој својот професионален живот го посвети на физиката, енергетиката и образованието на идните инженери.

Роден на 8 октомври 1937 година, Бошевски го продолжил образованието во Белград, каде студирал техничка физика на Електротехничкиот факултет. На истиот факултет ги завршил постдипломските студии и во 1972 година ја одбранил докторската дисертација.

До 1974 година работел во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча, а потоа својата професорска и научна работа ја продолжил на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Неговите истражувања опфаќале реакторска физика, пресметки на нуклеарни реактори, влијанието на електроенергетските извори врз околината и планирањето на електроенергетските системи.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите бил избран во 1988 година, а за редовен член во 1994 година.

Денес, единаесет години по неговата смрт, се сеќаваме на еден битолчанец чиј животен пат остави трага во македонската наука.

Битола ги памети своите луѓе.

Babam Bitola

Comments are closed.