На денешен ден: Пред 83 години загина партизанскиот курир Трајче Магловски

од July 8, 2026 0 коментари

На денешен ден, 8 јули, се навршуваат 83 години од смртта на партизанскиот курир Трајче Магловски, кој бил убиен во 1943 година на патот кон селото Лавци, Битолско.

Трајче Магловски е роден на 4 мај 1923 година во селото Смилево, Демирхисарско. По неговото ослободување од затвор, каде што бил задржан од бугарската полиција, на 8 јули 1943 година бил убиен на пат кон селото Лавци.

Неговото име останува запишано како дел од историјата на Народноослободителната борба во Битолскиот регион и како потсетник на жртвите дадени во борбата против фашизмот за време на Втората светска војна.

Извор

Babam Bitola

Comments are closed.