Битолските сиџили кријат илјадници мали човечки приказни од времето кога Битола била значаен административен, трговски и судски центар на Османлиското Царство.

Една од нив носи датум токму 29 септември 1692 година.
Пред точно 334 години, кадијата Саид Али од Серфиџе испратил писмо до својот претпоставен – кадијата во Битола.
Причината била необична за денешно време, но сосема реална за XVII век.
Се барало официјално одобрение за склучување брак меѓу робинката Ѓулзиндба од Серфиџе и слободниот човек хаџи Мехмед ефенди.
Во тогашниот правен систем, кога требало да се склучи брак меѓу лице со статус на роб и слободен човек, била потребна и официјална дозвола од судот.
Така една лична човечка судбина од пред повеќе од три века стигнала пред битолскиот кадиски суд – а трагата од неа останала зачувана до денес.
Документот е евидентиран како:
Битолски сиџил бр. 27, документ бр. 248 – 29 септември 1692 година.
Можеби за тогашните битолчани ова било само уште еден документ што поминал низ судот.
За нас, 334 години подоцна, тоа е мало прозорче низ кое можеме да погледнеме во секојдневниот живот, законите и човечките судбини во Битола од XVII век.
Битола има приказни стари со векови. Треба само да ги отвориме старите записи.