На 2 октомври 1925 година, Битола била домаќин на необично голема новинарска делегација – во градот пристигнале 80 југословенски новинари.
Податокот е забележан од битолскиот историчар и хроничар проф. д-р Александар Стерјовски во „Калеидоскоп“. Според неговото истражување, престојот на новинарите бил на трошок на тогашната Битолска општина, а како извор е наведена општинска книга од 28 септември 1925 година.

Посетата е интересно сведоштво за Битола во периодот меѓу двете светски војни. Иако градот веќе ја немал политичката и дипломатската улога од времето на османлискиот период, продолжувал да привлекува новинари, истражувачи и други посетители.
Во истиот историски материјал се забележани и други новинари и дописници кои ја посетувале Битола во првите децении на XX век, но посетата на 80 новинари во еден ден се издвојува по својата бројност.
Достапниот запис не ги наведува имињата на сите новинари ниту деталите од нивната програма во градот, но останува прецизниот датум:
2 октомври 1925 година – ден кога Битола пречекала 80 новинари.
По точно 101 година, уште еден интересен фрагмент од богатата битолска историја вреди да биде сочуван од заборав.
