Александар (Алексо) Турунџев. Роден 1872 г. во с. Горно Врбени, Леринско. Голем македонски револуционер и член на востаничкиот одред од Леринско кои се бореле против Турскиот аскер. Бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед. Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков за 150 жолтици. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола на 29 август 1905 година го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-пазар, на 30 август 1905 година. Турунџев со пранги на рацете и нозете најпрво бил изложен на плоштадот во Битола. Поворката тргнала од Саат-кулата, крај Безистенот, реката Драгор, па сè до Ат-пазар.

Турунџев бил сместен на запрежна кола, а напред одел телал кој ја читал веста дека ќе биде егзекутиран. Кон поворката се приклучиле над 3000 битолчани. Го плукнал попот Петро бидејќи од него како последна желба не добил вода и цигара по што самиот храбро се качил на бесилката и обраќајќи се према властите извикал “Никој од вас нема да преживее” (според тогашните пишувања во весниците) а според другите раскажувања ” Македонија ќе биде слободна”, по што сам си го ставил јажето околу вратот и се обесил…

Гробот му се наоѓа на битолските гробишта позади олтарот на црквата Света Недела.

Слава му!

Нека почива во мир!