На денешен ден 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил Херојот Стефан Стив Наумов, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. Потоа, бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што, двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска. Потоа, двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале, но бидејќи локалното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.
До денеска гробовите не им се најдени иако потрагата трае многу години, можеби некогаш ќе излезат документите и сведоштвата за тоа каде се префрлени коските…
Слава им на хероите.