На денешен ден заврши Првата светска војна, последиците врз Македонија а особено врз Битола беа катастрофални. Уништен град, разурнат, со илјадници загинати битолчани. Битола по војната никогаш не успева да го врати својот сјај на конзулски град, да ги обнови трговските врски со европските градови, економијата, културниот живот е уништен како последица на војните започнувајќи од двете Балкански војни и Првата светска војна.