Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ (формиран над селото Лавци, Битолско, на 22 април, разбиен во Ореовската корија, кај селото Ореово, Битолско, на 3 мај 1942) бил прв партизански одред формиран во битолската околија. Во неговиот состав влегле 21 борец. Одредот главно вршел обука на борците.

Спомен плоча на местото каде што е формиран Битолскиот партизански одред „Пелистер“
Спомен плоча на местото каде што е разбиен Битолскиот партизански одред „Пелистер“
Споменик за Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во селото Ореово

На 1 мај командирот на одредот, Ѓорѓи Наумов, со уште двајца борци, Никола Георгиевски и Стефан Трајковски, се оддалечиле од логорот и паднале во рацете на бугарска патрола. Одредот се повлекол подлабоко во шумата, но на 3 мај бил сместен и опколен од бугарската војска. Поради апсењата и испраќањето борци да воспостават врска, во моментот на битката одредот броел 12 борци. Во нерамна битка одредот бил разбиен, при што загинале шест борци (Димитар Николовски, Јоска Јорданоски – Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски), а Венда Христова била уапсена. Вкупно биле уапсени 11 борци, а преостанатите четворица борци успеале да се илегализираат во Битола. Во битката, бугарската војска и полиција имале околу 30 загинати и ранети.

Битката на одредот со бугарската војска е опеана во познатата партизанска песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).

Во состав на одредот биле:

Ѓорѓи Наумов, командир на одредот
Димитар Николовски – Таки Даскало, политички комесар
Тодор Ангеловски – Тошо Даскало
Пецо Божиновски – Кочо
Блаже Димитровски – Рогузинаро
Томе Димитровски – Томаки
Никола Георгиевски – Никлецот
Александар Живковски – Цане
Томе Илиевски – Поштаро
Јоска Јорданоски – Сандански
Мара Јосифоска – Ѓурѓа
Елпида Караманди – Бисера
Киро Крстески – Платник
Ордан Михајлоски – Оцка
Андон Попандоновски
Мица Попандонова
Веле Стојановски – Фурнаџивчето
Стево Трајковски – Тефико
Димче Хаџипоповски
Лазо Хаџипоповски – Пламен
Венда Христова – Доста

Вечна Ви слава јунаци.

Извор