На 8 јули 1943 година во Битола е убиен Трајче Магловски припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Смилево на 4 мај 1923 г. Ученик во Битолската гимназија и уште тогаш стапил во напредното движење. Бил меѓу најактивните членови на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ во нејзините антиокупаторски активности во Битола. Заради тоа повеќепати бил апсен од бугарската фашистичка полиција, но секогаш храбро се држел и не ги предавал своите другари. Во јуни 1943 г. штотуку излезен од затвор, на пат за селото Лавци бил фатен и уапсен од локалниот полјак Перо Василевски-Пачата, а при обидот да му побегне бил убиен.
Сојуз на борци од НОАВМ 1941-45






