Стовариштето на скопската пиварница на подрачјето на нашата општина работи повеќе години. Пласманот на пивото со оглед на конкуренцијата се трошело помалку или повеќе. Но, за разлика од порано минатата година е постигнато многу повеќе, продадени се 1. 800.000 шишиња со црно и светло пиво, а тоа е повеќе за 600. 000 шишиња од 1976 година. Зголемениот пласман на скопското пиво се должи пред се на подобрениот квалитет, а со технолошки подобрувања се оди кон тоа квалитетот на пивото уште повеќе да се подобри, ни рече раководителот на стовариштето, Веле Пејковски.
Интересно е и тоа што ова стовариште врши дотур на пиво и по домовите и на повик по телефон. Деветте вработени се секогаш подготвени со камионите веднаш да ја извршат услугата, што исто така, доведе да се зголеми пласманот. А, скопското пиво, покрај тоа што се троши по продавниците во Битола и по локалите како општествени така и приватни, од ова стовариште се пласира и во Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар Македонски Брод и на други места. Бевме информирани и за тоа дека на голем број консуматори им се задоволени барањата, така што ова пиво може да се конзумира и од кригли. Моментално пиво во кригли се точи во кафеаната „Путник“ кај Железничката станица, потоа во кафеаната во Новаци и во некои приватни угостителски дуќани и општествени клубови. Вакви машини за точење пиво во кригли
во скоро време ќе бидат инсталирани во повеќе општествени и индивидуални локали.
Точењето пиво од буриња во
кригли е доста барано од потрошувачите пред се затоа што тоа не е пастеризирано и има добар вкус. За потрошувачите на скопското пиво пријатно изненадување ќе биде тоа што наскоро ќе се пушти во продажбаново пиво од највисок квалитет.
С. Д. Битолски Весник 1982