​Пред повеќе од 35 години животот во Битола и битолско не бил толку сјаен и лесен како што денес некои сакаат низ збор да го милуваат. Многу од основните прехрамбени намирници ги немаше постојано по продавниците. Наша задача како битолски хроничари е да Ве потсетиме на тие денови, како и за сегашните помлади генерации да бидат запознаени како се живеело во Битола некогаш…

 

Иљче Мицков вработен во „Електродистрибуција“: 



-Како се снабдувам со масло, шеќер, кафе… Нормално како и многумина со „врски“ и „пријателства“. Тоа можеби и не е начин но сепак тоа е вистината. Ако немаш денес „некој“ да ти даде „под тезга” масло, шеќер, брашно…, тогаш верувајте, дека во продавниците ретко ќе ги начекате овие производи. Што се однесува на вашето прашање дали дома имам “магацин” од овие артикли би Ви одговорил дека немам и дека имам онолку колку што ми треба за еден месец.
  Боговид Блажиќ пензионер, претседагеп на Советот на потрошувачи при Месната заедница „Вељко Влаховиќ“: 



-Недостигот на овие производи во нашиот град, како и секој граѓанин, нормално дека и јас го чувствувам. Сепак не можам да речам дека дома немам масло, шеќер, маргарин . .. Имам, но само онолку колку што ми се неопходни. Јас како претседател на Советот на потрошувачи, а и другите членови на Советот при нашата месна заедница правиме големи напори снабдувањето со овие производи во нашата месна заедница да биде поорганизирано. Во реадизирањето на нашите напори во голема мера треба да ни помогнат сите граѓани, а ќе ни помогнат со тоа ако не создаваат домашни магацини.

Мацков, Блажиќ, Петрова, Трајчевски, Зуберова

Љубица Петрова -продавачка: 
Јас, бидејќи сум продавачка во продавница за колонијални стоки немам многу главоболки со pедовно снабдување со овие производи. И покрај тоа што, во однос на другите граѓани, јас се наоѓам во привилегована положба, сепак не создавам никакви магацини и од овие производи купувам онолку колку што ми се неопходни, и во иднина не мислам да создавам никакви домашни магацини.
Tрајко Трајчевски -пензионер: 
Како се снабдувам со масло шеќер, брашно, месо… Би ви одговорил искрено многу тешко. Денес да се набави масло кристал, или шеќер, кафе ,тоа е премија. Голема пречка во редовното снабдување со oвие артикли, за нас „обичните граѓани“ се граѓаните со „дебели врски“ кои со овие производи се снабдуваат од магацините ; „Прехрана“ и ЗИК „Пелагонија. На тој начин ние потрошувачите кои немаме „врски“ сме ставени во подредена положба во однос на другите и во поголема мера го чуствуваме проблемот од недостигот на овие стоки за широка потрошувачка.

Драгица Зуберовска -правник во ТРО „Јавор“: 



Да бидам искрена со овие произведи се снабдувам преку мои или други „врски“. А што можам да правам кога тоа „сите“ го практикуваат во денешната ситуација, кога во продавниците ретко може да се најде масло, шеќер, кафе… 
Извор “Битолски весник” ’82 година

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here