Најталентираните млади ракометари од јуниорската екипа добиваат професионални договори со Еурофарм Пелистер

од June 18, 2025 0 коментари

Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од јуниорската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа добиваат професионални договори со клубот. По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски.

Левото крило во следните четири години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Лозановски беше дел од шампионската генерација во кадетска и вицешампионската во младински конкуренција, како и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите за млади категории.

Babam Bitola

Comments are closed.