Македонија го знае како голем хуманист и човек што си ја работи професијата чесно и со многу љубов.
Денес во Битола Илија во рамките на своите работни активности заедно со својот колега од Битола Филип Кипровски одржаа предавање во домот за стари лица Сју Рајдер на тема: Мускулноскелетни болести.
За Спондилоза, дископатија, дискус хернија, скршеници,ишијас и бањско лекување говореше Жежов, додека за превенција од Мозочни удари и Остеопороза имаше збор и свое излагање колегата Кипровски.
Илија вели дека ваквата пракса треба да биде честа посебно во вакви институции каде едукацијата за лицата треба да биде секогаш на прво место.
Илија исто така нагласи и потенцираше дека домот за стари лица Сју Рајдер конечно го раководи директор со свои идеи и активности и среќен е што соработува и има договор за меѓународна соработка со директорката на домот Сју Рајдер во Битола Марина Крстиќ.
Илија за Бабам Битола вели дека и сега и во иднина ваквата пракса ќе ја продолжиме со уште поголемо темпо и ќе создаваме успешни приказни само со работа и пред се добра организација.
Нашата агенда со активности ширум државата допрва стартува освен во Битола наскоро ќе реализираме и други активности во Битола, Гостивар, Скопје и во други градови.
За потсетување, Илија е од Битола и е долгогодишен искусен физиотерапевт каде пациентите ја имаат најголемата доверба во него, освен кон пациентите Илија своето знаење го пренесува и на своите млади колеги и колешки и вели дека убаво е да се пренесува знаењето на луѓе што знаат што сакаат и што утре ќе пренесуваат преку својата практична работа.
И покрај сите успеси во својата здравствена струка Илија не запира тука тој од минатата недела започна специјализација во Белград каде сака да се надогради во својата професија со плус титула специјалист по здравствен фитнес.
Нашиот портал Бабам Битола и Битола му посакуваат среќа и уште поголеми успешни приказни во животот.