Најголемата црква на Балканот се гради во Битола
Во Битола започна да се гради црква која ќе биде најголема на Балканот. Во градот на црквите и манастирите секој ден малку помалку се издигнува најголемото светилиште на Балканот.
Собор на сите македонски светители – храм во Битола ќе има 12 ката и три ресторани, предвидено е и на секој кат да има по неколку простории како канцеларии или галерии.
Најгоре, на ротирачката платформата е испланиран видиковец-ресторанот од каде ќе се гледа поголемиот дел од Пелагонија.
Станува збор за православен христијански храм Собор на сите македонски светители.
Се наоѓа кај месната заедница Ѓорѓи Наумов а зафаќа простор некаде од 10 илјади кавадрати.
Според архитектонскиот план, неговите пропорции-должина над 80 метри и ширина над 50 метри – ги надминуваат оние на популарната Свети Сава во Белград која засега е најголема црква на Балканот, што значи дека црквата “Сите македонски светители” ќе биде најголема во регионов…
Вест од 1993 г.