Безгрижното детство во комбинација со прекрасните родители кои се стожер на нашиот здрав развиток се предуслов за формирање на комплетно здрава личност. Тоа се најголемите приоритети во животот на сите нас и секој мора да изнајде начин како да ги спроведува и негува, најубаво како што знае и умее.

 Како да ги земеме за пример, оваа група на битолчани кои своите најмили ги носат во највисоката и најздрава “градинка” која се наоѓа на 1950 метри надморска височина, во срцето на Баба и близу Пелистер- познатата “Ловечка куќа” или Планинарски Дом Широка.

Место кое изобилува со чист воздух, здрава средина, восхитувачки поглед и реновирано катче кое ги има сите модитети за заедно со вашите “другарчиња” и фамилија да поминете еден прекрасен ден.

Голема благодарност до Коче и Саша за фотографиите и продолжете со исто темпо! Ви блазесуваме…